Ќе не освои ли модата од 70-те?

Уште малку и топлиот август ќе го одброи својот 31-ви ден. На вратата веќе нетрпеливо чека септември, кој ќе го означи почетокот на модната сезона есен – зима.

Есенската сезона најавува исклучително многу експерименти, што се однесува до пронаоѓање совршен аутфит.

Имено, модата од 70-тите години на минатиот век се забележува во повеќето трендови што ни ги најавија најпрестижните имиња во светот на модата, како и гигантите во фаст-модна индустрија.

Што е она што ја поврзува есента на 70-тите со она што е најавено за 2015/2016?

1. Макси фустани – обично се поврзуваат со боемскиот шик. Тука сепак овој стил се издвојува со вешто исткаени цветни мотиви или диви племенски отпечатоци.

2. Пончо, наметка, макси марами – сето она во кое можеме да се загрееме и да го користиме како прилог или како единствен горен дел на нашата облека.

4. Ремен – највпечатливиот прилог на долгата кошула или неопределена силуета. Што уште можеме да посакаме од еден додаток?

Разлистајте ги страниците на модните списанија, фрлете поглед на излозите, забележете и низ модните блогови. И конечно решете – дали ќе се престрашите и ќе допуштите модата на 70-тите да ве освои, да ја почувствувате слободата, или само ќе го надополните стилот, без да го изневерите. Бидејќи во модата од 70-те има по нешто за секого.

1_1440167744 2_1440167745 3_1440167746 4_1440167747 5_1440167747 6_1440167747 7_1440167748

- Реклама -