Ќе даде ли Јанева исказ пред Русковска

Засега Јанева не размислува за договор со обвинителството, а неизвесно е и дали ќе сведочи пред обвинителката Вилма Рускоска за случајот „Рекет“.

Нејзините адвокати се уште не добиле упатства од поранешната шефица на СЈО, иако е известена за доказите кои ги презентира обвинителното за организиран криминал и корупција.

Денес премиерот Заев најави дека очекува пред 15-ти октомври да биде биде поднесен обвинителен акт за овој случај, со цел да се охрабри судството да одлучува според Уставот и законите.

- Реклама -