Еден Швајцарец мора да плати казна затоа што преку Фејсбук „ја издал“ локацијата на сообраќајната полициска патрола во една улица.
За кратко време, полицијата му поднела пријава.
Судот го казни со 200 франци, поради „јавно предупредување на контрола во сообраќајот“. Судијата образложи дека законот од 2013-та година го забранува таквото дело.
Казнетиот ја објавил локацијата на сообраќајната патрола во март, на Фејсбук група со 30.000 членови.
Од друга страна, низ цел свет, на патиштата се поставени табли кои ве предупредуваат дека напред има камери за брзина. И сосема логично, бидејќи крајната цел е да ја намалите брзината, т.е. безбедноста, а не да ве фатат на дело.