Целиот свет знае за „немилосрдноста“ на сообраќајните полицајци, но случајот во градот Карлсруе во Германија, ги надмина сите очекувања.
Имено инспекторот напишал билет за паркирање на погрешно место … и тоа, на фиктивен камион.
Превитканиот камион е всушност креативна скулптура. Нејзин автор е уметник од Австрија познат по ироничните скулптури кои ги создава од обични предмети со помош на смешно виткање или менување на нивната големина и облик.
Камионот Mercedes-Benz сепак бил несоодветно паркиран, а „шоферот“ ќе плати казна.
Ние се надеваме дека инспекцискиот персонал имал одлична смисла за хумор, па само одлучиле да се пошегуваат. Но, што ако не е така? 🙂