Кажете му збогум на опаѓањето на косата: Руски рецепт за зајакнување на коренот

Ако погледот кон перницата наутро ве вади од памет, затоа што наоѓате опадната коса, сосема ве разбираме. Но запомнете, до извесен степен паѓањето на косата е нормално – 50-100 влакна коса паѓаат секој ден, и тоа не можете да го спречите.

Пред да преминеме на рускиот рецепт против опаѓање на коса, да видиме прво зошто се случува. Поставете си ги следниве прашања:

• Дали правилно се храните?
• Дали сте доволно хидрирани?
• Дали користите проверен бренд шампон и кондиционер за коса?
• Можеби хемискиот состав на продуктите за стилизирање на косата се причината?
• Или можеби се хормонални промени за време на менструалниот циклус или бременост?
• Можеби е емоционален и физички стрес?
• Болести и здравствени нарушувања?
• Премногу силни лекови?
• Недостаток од нутриенти, колаген и проеин во телото?
• Елементи во атмосферата што ве опкружува, или можеби климата?

Како да проверите дали косата ви опаѓа, или е тоа само дел од регенеративниот процес

Во просек, имаме повеќе од милион влакна на главата, од кои некои паѓаат, некои растат, а некои ќе останат и ќе си ги понесеме и во гроб. Ако си го погледнете скалпот под микроскоп, ќе забележите дека нон стоп нешто работи. На пример, знаевте ли дека влакната на косата се второто најбрзорастечко ткиво во телото? (Првото е коскената срж).

Земајќи го тоа во предвид, постои едноставен тест што ќе ви посочи дали косата ви се „митари“ или ја оштетувате со продукти за коса (макар и со стегачи и силно затегнати репчиња). Ако кога ќе повлечете неколку влакна малку посилно, влакната излезат заедно со коренот (како мала бела фоликула), значи дека косата ви паѓа. Во спротивно би се скинало само влакното, без коренот.

Руска маска за коса

Често ќе најдете мажи и жени што се жалат на опаѓање на косата. Некогаш за виновник треба да се посочат и начинот на живот кој го водиме, или загадувањето со кое сме опкружени. Во сето тоа, комерцијалните и конвенционалните методи и продукти за коса кои ветуваат дека ќе ве спасат од опаѓање – баш и не работат како ветеното.

Прочитајте и:  Совети за есенското опаѓање на косата

Но, постои начин да ја спасите вашата коса, да ги обновите фоликулите на влакната, и во крајна линија – да го превенирате губењето на косата. За такво нешто ќе ви требаат моркови. Многу моркови – рендани, исецкани или во форма на пире.

Морковите имаат многу витамин А (кој е добар за очите и видот), а и бета каротен кој го конвертира витаминот А во нашите тела. Хранливите состојки во морковите можат да помогнат да ја зајакнат косата и да ги регенерираат фоликулите и корените на влакната. Згора на тоа, сокот од морковот, кога ќе се нанесе на скалпот, делува како прочистувач, стимулант и создава млади кожни клетки на скалпот.

Метод на подготовка

 

Изрендајте 2-3 моркова. Од нив направете пире во вид на полутечна паста. Намачкајте од пастата на корените од косата. Почекајте еден час. Додека чекате, масирајте ја главата и скалпот, прво во насока на стрелките на часовникот, а потоа и обратно. Одвреме навреме благо повлечете дел од влакната за да ги размрдате фоликулите, и со тоа подобро да примат од смесата. Ставете капа за туширање (повеќе важи за жените) и оставете да поминат 20 минути. По 20 минути, измијте ја пастата со студена вода. Ако имате остатоци од морков во косата, 5 секунди со фен би требало да ги оддуваат.

Маската треба да ја нанесувате пред да ја миете косата 5 пати во серија. Откако ќе забележите дека косата ви е посилна и поздрава, маската можете да ја користите еднаш месечно. Резултатите би требало да бидат видливи веќе по само неколку третмани, а наскоро, се надеваме, ќе забележите и дека перницата ви е почиста.

- Реклама -