И Кацарска реагира против спотот на ВМРО-ДПМНЕ: Тоа е злоупотреба на парите на граѓаните!

По обвинителката Вилма Русковска, која побара побара илјадници извинувања од ВМРО-ДПМНЕ за да не ги тужи, на политичките спотови на ВМРО-ДПМНЕ реагира и судијката од Кривичниот суд – Добрила Кацарска.

Во изјава за „Фактор“ таа вели дека подолг период ВМРО-ДПМНЕ и лидерот на партијата Христијан Мицкоски го користат нејзиното име во критиките за судството, нарекувајќи го „Кацарска судство“, но со спотовите, истакнува, е отидено предалеку, поради што ќе поднесе претставка и до Агенцијата за ауудио и аудиовизуелни медиуми.

Кацарска потсетува дека спотовите се платени со државни пари што ги добиваат партиите и дека со оглед што таа не е пратеник, ваквите претставуваат злоупотреба на парите на даночните обврзници.

Притоа, Кацарска потсети дека нејзината работа е позитивно оценета од Стејт Департментот, Европската унија и ОБСЕ, а Мицкоски го обвини дека испраќа порака дека не е за борба против криминалот. Повеќе ТУКА.

Прочитајте и:  СДСМ: Новата сила и енергијата на Конгресот ја вознемири ДПМНЕ

- Реклама -