Катругалос: Договорот не ја обврзува Грција јазикот да го нарекува „македонски“

Огромното мнозинство Грци не го прифаќаат постоењето на македонски јазик или македонска етничност, пишува грчки „То Вима“.

Коментирајќи ја забелешката на Заев дека во иднина „македонскиот јазик“, кој е признаен во Преспанскиот договор, може да биде предаван во грчките училишта, дадена во изјава пренесена во „мал број медиуми во ФИРОМ“, заменик-министерот за надворешни работи на Грција – Јоргос Катругалос, порача – парафразирано, дека Македонија може својот јазик да си го нарекува како сака, но истото тоа важи и за Грција.

Тој објаснува дека Преспанскиот договор не ѝ наложува на Грција како да го нарекува македонскиот јазик, но ѝ наложува на Македонија (како и на Грција) дека нема право да се меша во внатрешните работи на соседната земја. Според тоа, нема право да бара Грција да го именува јазикот по наша желба.

Катругалос притоа посочи на Членот 7 од Договорот, каде јазикот на земјата „специфично е наведен како словенски јазик“, а во кој последниот параграф, според него, остава можност Грција да продолжи да го нарекува јазикот славо-македонски, „што навистина и е“, заклучува грчкиот заменик-министер.

Договорот, повторува Катругалос, гарантира грчка сувереност и ѝ забранува на ФИРОМ да интервенира во грчките работи. Тоа вклучува и Македонија да има право на било каков збор во однос на „грчките граѓани од етничко славо-македонско потекло“.

 

 

- Реклама -