Катарците сакаат Фудбалска Лига од соништата

Медиумите од Англија пренесуваат дека кралското семејство на Катар крои планови за фудбалска лига во која ќе бидат вклучени најголемите клубови ширум светот.

Катар ја доби организацијата на СП 2022, но според медиумите од Англија, амбициите не престануваат тука.

Последните извештаи велат дека кралското семејство на Катар посакува да создаде конкуренција на Лигата на Шампионите, и да формира ’Dream Football League’.

Во ова елитно натпреварување би требало да учествуваат 24 тима, тоа ќе се одржува на секои две години во Катар и соседните земји од Персискиот Залив, а првиот турнир ќе биде организиран во 2015.

Катарците ги сакаат најдобрите во светот, па се говори дека се подготвени да одвојат по 175 милиони фунти на топ клубовите како што се Барселона и Манчестер Јунајтед.

Прочитајте и:  Аморим: Манчестер jунајтед уште долго ќе страда

Само за споредба, Челзи кој стигна до титулата во Лигата на Шампионите минатата сезона инкасираше околу 47,3 милиони фунти.

Целта е да се има 16 перманентни членки на лигата на соништата, а додатни осум клуба ќе добиваат покани да се натпреваруваат на секој турнир.

Се говори дека четири од перманентните членки ќе бидат од Англија, Манчестер Јунајтед, Челзи, Манчестер Сити и Арсенал се клубовите на радарот на Катарците.

Останува да се види дали УЕФА и ФИФА ќе дозволат едно вакво натпреварување, но секако клубовите можат да бидат привлечени од големите финансиски бенефиции.

Текстот е објавен во соработка со 24Фудбал.

- Реклама -