Картонски велосипед кој чини само 9 долари (видео)

Кога инженерите му кажале на Ижар Гафни дека создавањето на картонски велосипед е невозможно тој не се откажал.

Тој упорно продолжил да се обидува и создал целосно функционален велосипед од картон. Велосипедот нема да ви овозможи да се искачите на планина но е совршен за возење по градските улици. Велосипедот е и водоотпорен што значи не мора да се грижите дека ќе се стопи под вас.

{youtube}txSboSNQINs{/youtube}

Најдобриот дел е што оваа иновативна креација би чинела само 9 долари, под услов да го убедите Гафни да создаде еден за вас бидејќи се потребни години за усовршувањето на техники за работа со картон.

- Реклама -