Картонот од тоалетната е супер додаток за правосмукалката

Некои места во домот едноставно не можете да ги дофатите со правосмукалката, без разлика какви додатоци има.

Да, добрите апарати за чистење обично доаѓаат во пакет со неколку екстра делови, но невозможно е да се очекува дека тие ќе пасуваат на секое катче во домот. Корисникот на Reddit – beeanchord13, има супер решение, за кое се што ви е потребно е онаа картонска срцевина од ролната тоалетна хартија. Најдоброто е што картонот можете да го намонтирате на речиси секоја правосмукалка и да го обликувате како и да ви е потребно, со цел да го дофатите секое ќоше. Ова е исклучително корисно при чистењето на автомобилот, канцелариите, праговите на лизгачките врати итн.

 

- Реклама -