Каракачанов: Му кажав на Заев дека го извлекоа подебелиот крај, мене не ме интересираат други интереси освен бугарските

„Пренесувањето на спорните прашања меѓу Бугарија и Северна Македонија во Унијата нема да придонесе за безбедноста и стабилноста на ЕУ. Затоа, нашата позиција е правилна и е во синхронизација и со европските, и со нашите националните интереси“, изјави бугарскиот министер за одбрана Красимир Каракачанов, за бугарското национално радио (БНР).

„На г-дин Заев му кажав: Г-дине Заев, вие ја *извлековте кусата прачка (*неповолен исход, на македонски: го извлекува подебелиот крај од стапот, на англиски: getting the short end of the stick). Три години не направивте ништо и тоа се случи така што кога требаше да се донесе решение… јас сум вицепремиер во Владата на Бугарија. Јас не можам да направам компромис со една антибугарска политика и мене не ме интересира дали една, друга или некоја трета држава, кои се наши партнери, имаат различно мислење и се обидуваат на некаков начин да ја наложат својата визија. Бугарија има свои јасни интереси“, рече Каракачанов.

Прочитајте и:  Николоски: Бугарија работи на алтернатива на Коридорот 10 што ќе ја заобиколи Македонија и ќе ја направи слепо црево на Балканот

Прашан за притисоците врз Бугарија, тој рече дека имало „обиди да ги убедат“:

„Тие кои се обидоа да нѐ убедат немаа аргументи зошто да го направиме тоа. Јас ја разбирам желбата на неколку наши партнери да наложат ние да отстапиме, но на крајот на краиштата, Бугарија треба да ги брани своите интереси“, рече бугарскиот вицепремиер.

 

- Реклама -