Почна Европското првенство во Фудбал, а нашите фудбалери не можат да дочекаат да истрчаат на теренот. По повод денот што речиси целата своја кариера го посакуваше, денеска до нацијата се обрати и капитенот на македонската репрезентација – Горан Пандев.
„Дојде и тој ден кога почнува Европското првенство… Денот кој го сонував долго време низ мојата кариера – МАКЕДОНИЈА да игра на едно вакво големо натпреварување…
Можеби ова се последните мои натпревари за македонската репрезентација. Сакам како капитен да ви се обратам на цела нација:
Оваа генерација е најсветото нешто на МАКЕДОНСКИОТ фудбал, ова е генерацијата што ја обедини цела Македонија… Горд сум на секој момент и секоја капка пот пролеана во светиот дрес.
Сонот го испишавме, одиме да испишеме историја!
Бидете со нас и навивајте за МАКЕДОНИЈА!“, порача Пандев.
View this post on Instagram