Канцелариски шик

Денеска ја покриваме темата „канцелариски шик”, но овој пат издржан во класичната црно-бела гама.

Иако многу луѓе гледаат на оваа комбинација како прилично здодевна, за нас таа останува класика и добра опција, кога немате многу време и идеи како да се облечете. Кога ќе се запре на црно-белиот спектар, не е потребно да вметнете многу време и напор за да постигнете добар ефект, а последното понекогаш е исклучително важно.

9d978bb218b920f0bdad6ad74af0c5e2

Црно палто од French Connection – едно од нашите омилени парчиња од овој бренд. Може да го комбинирате со апсолутно со се, што го прави уште попривлечно.

452afb6c1108af82d91c00758f93d0e9

Свилена кошула на Esprit од Fashion Days во боја на слонова коска. Една елегантна кошула секогаш е од корист, особено кога е од високо квалитетен материјал како свилата и можете да си ја дозволите. Може да ја вклучите како во официјалниот, така и во секојдневниот гардеробер.

467cf65527f55e00adec9374421d95c3

Црно здолниште од типот молив од French Connection. Тоа ги нагласува исклучително добро женските форми. Може да се претвори во најпознат верн сојузник не само во канцеларијата, туку и во слободното време. Комбинирајте го со високи потпетици и елегантно палто или ниски спортски чевли и џемпер. И во двата случаи резултатот ќе биде совршен.

Прочитајте и:  Скромниот кројач од Скопје кој стигна до најлуксузните модни куќи во Париз

5359ad1bbd7d8d42115d951fa4b852d4

Кожена торба Lorenzo Paris од Fashion Days. Овие чанти се актуелни веќе неколку сезони. Освен што се модерни, тие се големи и удобни, што ги прави уште повеќе атрактивни. Оваа торба можете да ја купите со исклучително добра цена, што воопшто не е за занемарување, кога зборуваме за бренд како Lorenzo Paris.

9e63cc5f861e159515c5556a39e64e7f

Колор-блок кожени чевли со висока потпетица од French Connection. Неверојатно елегантен и женствен модел во црно и бело. Точно е дека овие чевли не се особено погодни за студената доцна есен, но се уште има доволно топли денови, во кои може да се  ужива.

- Реклама -