Иако денес секс-лентите на познатите се нивен инстантен пат до славата, сепак, постојат повеќе услови што треба да се исполнат пред нивна „дистрибуција“. Прво, за да го зголемат интересот за секс-лентите, познатите мора да потврдат дека тие навистина постојат, но и експлицитно да назначат што точно може да се погледне на нив, а потоа преминуваат кон правни чекори со кои бараат нивно отстранување.
Раперот Канје Вест последен се приклучува кон оваа парадоксална низа, потврдувајќи дека навистина постои секс-лента од него, на која тој има секс со 18-годишна девојка што наликува на Ким Кардашијан, по што ќе може да побара снимката да се отстрани.
Откако тој се огласи со оваа потврда, озборувачкиот портал TMZ пишуваше за содржината на не само една, туку две секс-ленти во кои Вест ја „толкува“ главната улога.
Всушност, двете снимки се импресивно долги, односно првата трае околу дваесетина минути, а втората е со должина од дури четириесет минути, а станува збор за постојана „акција“. Како што пишува NY Mag: The Cut „сериозно, дечкото воопшто не прави паузи, неверојатно е“. [Kanye West: Yes, That Is My 40-Minute Sex Tape]