Канје Вест ги извади сите заби и ги замени со титаниумска протеза која чини 850.000 евра

реклама

На Канје Вест му беа отстранети сите заби и заменети со титаниумски протези, пишува Daily Mail кој има ексклузивни фотографии од новата насмевка на Канје.
Изворите кои ја објавија веста за британскиот таблоид велат дека Канје сам ги дизајнирал забите и дека тие се „поскапи од дијамантите“.
реклама
Имплантот е сосема нов хируршки модел кој досега го има само Канје. Вкупната цена е околу 850.000 долари.

Протезата ја поставил др. Томас Конели од Беверли Хилс.
реклама
„Секој чекор од процесот беше задоволство да се работи. Визијата на Вест за дизајнирање уникатна уметност оди подалеку од стоматолошката прогресија“, изјави стоматологот за Daily Mail. Инаку, Канје во 2010 година тврдеше дека долните заби ги заменил со дијаманти и злато. „Тоа е нешто што треба да се очекува од рок ѕвезда“, рече тогаш тој.
реклама

Извор