Home Технологија Наука Канабисот во древните будистички храмови во Индија

Канабисот во древните будистички храмови во Индија

0
Канабисот во древните будистички храмови во Индија

Ellora18[1]

Индиските археолози кои ја проучуваа извонредната презервација на древните пештери Елора, открија нешто мошне интересно – специјалната состојка во малтерот користен за изградба на ѕидовите е токму канабисот (во Индија познат како „ганџа“ или „bhang“).

Пештерите се изградени помеѓу 6-от и 11-от век од нашата ера и се дел од светското наследство на УНЕСКО. Се наоѓаат во државата Махараштра и се состојат од 34 храмови издлабени во камен, посветени на трите главни религии во Индија.

Назад на канабисот: Измешан со вар и глина, канабисот е клучната состојка што помогнала во спречувањето на распаѓањето на насликаните ѕидови и тавани во хиндуистичките, будистисчките и џајнистичките храмови во пештерите, и тоа во период од 1500 години.

templeВлакната од канабисот по сé изгледа имаат подобар квалитет и издржливост од останатите влакна. Дополнително, смолестите и лепливи својства на канабисот веројатно исто така помогнале глината и варта да се сврзат во поцврст сврзувачки материјал.

Малтерот од канабис има и способност да складира топлина, отпорен е на оган, а и апсорбира до 90% од звукот што се пренесува низ воздухот, со тоа создавајќи мирна и тивка средина и атмосфера за монасите кои живееле таму.

Студиите во Европа проценуваат дека малтерот од канабис може да трае и до 600-800 години. Сепак, тој во Елора очигледно има двојно подолг век, и покрај оштетувачките надворешни фактори во кои опстојуваат пештерите, како што е зголемената влажност во нивната внатрешност за време на дождовните сезони.

SONY DSC

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here