Ако некогаш сте посакале да исчезнете тогаш камуфлиран дом би можел да биде одговорот. Забележително незабележителни, понекогаш чудни, понекогаш неверојатни домови, од огромни модерни имоти до интересни мали рачно изработени колиби.
Wood House, Хилверсум, Холандија
Овој мини дом е маскиран како куп дрва подготвени за зимата. Всушност, градбата е направена од челик и пластика. Кога прозорците се отворени светлината навлегува во домот и го прави совршено студио за снимање и вежбање за музичарот Ханс Либерг.
Casa do Penedo, Планините Фафе, Португалија
Она што изгледа како карпи останати од Каменото време всушност е куќа. Casa do Penedo или „Камена Куќа“, била изградена во 1974 година од четири големи камења. Овој португалски дом не е снабден со електрицитет па сопствениците користат свеќи за осветлување. Но куќата сепак има удобно огниште, базен издлабен во камен и дрвени трупци како скалила.
Leaf Box, Сан Франциско, Калифорнија
Оваа модерна коцка сместена зад ред куќи во Сан Франциско е всушност уметничко студио. Зеленилото кое расте по неговите ѕидови било воведено за да се камуфлира студиото во околната флора. Пред да стане Leaf Box оваа градба била скромна шупа.
Dune Home, 1941 1943 Beach Ave, Atlantic Beach, Флорида
Сместени во дините на Atlantic Beach, овие два психоделични станови се остаток од седумдесеттите. Екстериерот составен од локални материјали обезбедува удобни температури во ентериерот. Дело на архитектот Вилијам Морган создадено со помош на технологија наменета за создавање базени.
Dragon Rock, Гарисон, Њујорк
Индустрискиот дизајнер Расел Рајт го дизајнирал ова прибежиште, наречено Dragon Rock, во шеесетите. Сместен во карпест рид, опкружен со 30 хектари шума над мало езеро. Камуфлажата на домот опфаќа стебла во трпезаријата, карпи во неколку соби, жив зелен покрив и природна тераса која гледа кон езерото.