Највисоките редови на Камп Ноу ќе добијат телевизори

На навивачите кои се на врвот од трибините на „Камп Ноу“ а кои не можат добро да ги следат случувањата на теренот, раководството на Барселона се одлучи да им постави мини телевизори.

На тој начин далеку подобро ќе може да ги следат натпреварите на својот тим, а во однос на гледачите со поскапи билети ќе бидат во предност и поради тоа што ќе може да ги следат повторените ситуации од самите дуели.

Потегот на Барселона во моментов претставува прв чекор кон најавата и за поставување на големи екрани на светските арени како подобро би се следеле фудбалските средби, а по примерто на НФЛ натпреварите по неколку пати ќе може да бидат веднаш проследени и сите спорни и поинтересни моменти од натпреварите.

Прочитајте и:  Германски музеј ги спои уметноста и фудбалот за време на Европското првенство
- Реклама -