Освен што во петокот поднесе кpивичнa пријава против Катица Јанева, нејзиниот син Лазар Јанев и обвинителката Лиле Стефанова, бизнисменот Орце Камчев поднел и ново барање за привремен пасош на 12 месеци, објави „ТВ24“ повикувајќи се на извори од истрагата.
Притоа, Камчев понудил висока банкарска гаранција во имот во вредност од над 2 милиони евра, дознава „ТВ24“.
Претходно барањето за времен пасош на Камчев, поради присуство на службени патувања, го одби токму обвинителката Лиле Стефанова, само три дена пред Камчев да ја поднесе кpивичната пpиjaва.