Камчев и Панделески, преку своја компанија од Бугарија, си ја продаваат „Пелагонија енерџи“ сами на себе

Орце Камчев односно Орка Холдинг и Цветан Панделески со своја фирма од Бугарија си ја купуваат „Пелагонија енерџи“, која пак е во сопственост на нивниот Земјоделски комбинат Пелагонија, објави „Телма“.  Понудената цена е 23.5 милиони евра.

„Пелагонија енерџи“ произведува електрична енергија од органскиот отпад кој го произведува комбинатот Пелагонија, а Камчев и Панделески сакаат да ја купат преку својата бугарска компанија „Тиор“. Со тоа сопствениците ќе останат исти, но сопственичките права и профитот, наместо во Македонија, Камчев и Панделески ќе ги ползуваат и користат од адреса во бугарскиот главен град Софија.

Со продажбата „сам на себе“, според Централниот регистар, Камчев и Панделески преку „Пелагонија енерџи“ ќе станат сопственици и на дел од млекарата „Здравје Радово“.

Во Земјоделскиот комбинат Пелагонија, Камчев и Панделески поседуваат по 20% од акциите. Најголемиот акционер, пак, е „Софија градба“, во чија сопственост преку „Бест веј инвест“ удел има и синот на Сашо Мијалков. Удел од над 7 проценти има и Ненад Јосифовиќ.

Сите имиња на големите акционери во Земјоделскиот комбинат Пелагонија, покрај другарувањето во и надвор од бизнисот, ги поврзува и истpaгата  „Империја“, во чии рамки од СЈО најавуваа дека ќе биде и токму оваа компанија, пишува „Телма“. Подетално ТУКА.

 

- Реклама -