Бизнисменот Орце Камчев, оштeтeн во случајот „Рекет“, денеска во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција поднел кривична пријава против поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, нејзиниот син Лазар Јанев и обвинителката Лиле Стефанова, објави „Фокус“. Обвинителката Вилма Русковска ја потврдила информацијата.
Во пријавата, Камчев ја обвинува Јанева дека создала група од повеќе лица, во која наводно членувале и нејзиниот син и обвинителката Стефанова, со цел стекнување на значителна имотна корист. Во пријавата се вели дека Јанева подготвила план за дејствувањето и улогата на секој член во групата, која со повеќекратни дејства значително го oштeтила Камчев и правните лица со кои е поврзан. Целата содржина на пријавата прочитајте ја ТУКА.