Можеш ли да си капиталист, а да бидеш спиритуален? И обратно, можеш ли да си спиритуален, а да бидеш капиталист? Исклишираниот одговор, кој некако сите милуваме да го тупиме (и јас со вас), е дека не. Ама тука имаме еден рандом чичко од Индија што случајно го најдовме на YouTube, кој нуди малку поинакво гледиште на овие теми, аргументирано што преку поучни приказни, што од гледна точка на индиска филозофија и религија.
Видеото има некои 230 прегледи, и на прв поглед немате никаква причина да потрошите 20 минути да го изгледате. Ние ве уверуваме дека е баш обратно.