Музичката поп дива Калиопи ќе биде главна ѕвезда на музичкиот фестивал „Џој Фест“, кој годинава се одржува по 11 пат во Крива Паланка.
Кривопаланечката публика нестрпливо ја очекува омилената пејачка, а Калиопи ветува незаборавна ноќ со бројните гости и посетители , на 24 август , на Градскиот плоштад во Крива Паланка, која е во знакот на фестивалските денови по повод патрониот празник на заштитникот „Свети Јоаким Осоговски“.
Покрај Калиопи, втората фестивалска вечер ќе настапат и музичките групи Кисити, Парампашчад и Бубњиви и Пси, додека првата фестивалска вечер е резервирана за Конкверинг лајон и Суперфикс.
Организаторите на „Џој фест“ и годинава ветуваат незаборавна журка со многу музика и забава, по вкус на сите генерации.