На 10 јануари, 49 г.п.н.е. Гај Јулиј Цезар (римски војсководец, државник, диктатор) ја изговори познатата реченица “Alea iacta est” “Коцката е фрлена”, по што ја мина реката Рубикон (денешен Вар).
Тоа означило ново поглавје во историјата на Римското царство – започнала граѓанската војна против Помпеј која што завршила со воведување на Цезаровата диктатура.
Припадниците на републиканската опозиција го убиле Цезар 44. пред н.е.
Интересно е дека називот „царски рез“ се поврзува со раѓањето на Јулиј Цезар. Римскиот император бил роден на 12. јули 100 години пред нашата ера, а низ записите стои дека неговата мајка починала за време на породувањето, па докторот направил пресек и го отворил нејзиниот стомак, за да го извади Цезар од матката.
Бидејќи тој носел царска титула, таквиот чин на раѓање е наречен „царски“, односно пробитно „цезарски“ рез. Подоцна е усвоен само терминот „царски“, бидејќи ова породување било привилегија само кај родилките со „сина крв“.