Каков ремен е добар ремен?

Ременот околу половината е еден од најважните модни дотатоци за мажи.Модно освестените мажи лесно ќе ги препознаат трендовите во дизајните, материјатлите, големината, односно кој ремен одговара на кое одело или панталони. Од друга страна на мажите кои се прашуваат што е добар ремен ќе им одговориме дека тоа е квалитетен и кожен, иако не за во секоја комбинација. Дознајде зошто.

Како и да е машката облека не е комплетна без овој додаток. Мажите најмногу сакаат ремени во црна боја, како и сите нијанси на кафено. Црниот е класина и сигурно го има секој маж. Ремените од познатите брендови, честопати се со изразени логоа. Често ги носат младите мажи, додека постарите воглавно избираат неутрални без лого.

Ременот за опуштена облека е поширок од оној за одело, а може да се најде и во различни бои, додека оние за одело се воглавно со темен изглед и малку сјај.

Доколку сте повеќе спортски тип, воглавно во фармерки, можете каишот од кожа да го замените со некој друг, кој ќе ви одговара на стилот.

Доколку не сте сигурни каков ремен да изберете, водете се од основните правила дека тој би требало да одговара на кондурите. Кога тоа ќе го усогласите ќе завршите половина до работата. Што се однесува до боите, ако не сте за експериментирање, изберете една од споменатите, односно црна или бакарна.
Другите бои е тешко да ги искомбинирате и не одговараат на се. Нормално би било добро со светлите комбинации на одело, да изберете и некоја светла нијанса на каиш и/ли кондури.

- Реклама -