Каков Мурињо? Каков Анџелоти? Се гледаме на Fantasy!

Македонија и не располага со некои селекторишта, ама затоа на „Fantasy“ сме главни.Во последно време „Fantasy“ манијата се шири како чума. Се приметува и по муабетите низ градов и по интернет, а богами и по лигите во кои играм. Бајаги се поголеми од лани.
Никој до сега не се збогатил од играва, ниту ќе се збогати. Максимум што можете да добиете доколку ги испоосвоите сите можни „Фантази“ лиги на светов е едно Пунто на старо од Дупница (Бугарија).

– И зошто си го трошиш времето на такво нешто?
– Еееее, сега.

Сé што треба да имате е квалитетна фантазија.

crop

„Fantasy“ е спортска онлајн игрица во која правите замислен тим, составен од вистински играчи. Во зависност од тоа каков бил учинокот на играчите во колото кои го играат во реален живот, толку поени ќе освоите. Воедно се натпреварувате со други луѓе ширум светот, кои имаат креирано нивни тимови.
На пример: Азар дава гол, добивам 5 поени (зошто е среден ред) + бонус 3 поени, тоа се 8. Ако ви е капитен, пута 2.

Ако не ви е јасно, најдобро би било да ве упатам на официјалниот веб сајт на Football Fantasy Premier league (најпопуларниот во Европа). Доколку сéуште не ви е јасно, не сте за „Fantasy“, имате Candy Crush, Minecraft…

Се концентрираме на Премиер Лигата.

Имате на располагање 100 фунти. Треба да купите 15 играчи (4 од нив се измени). Бирате капитен и заменик капитен (заменикот, во случај да не влезе капитенот). Избирате 3 напаѓачи, 5 средина, 5 одбрана, 2 голмани. Исто така, не смеете да имате повеќе од тројца играчи од исти тим.

Всушност, капитените кои ќе ги изберете не мора да бидат капитени во нивните реални тимови, одбранбените играчи не мораат да ги имаат истите одбранбени улоги (можете и со 5 десни бекови), во среден ред влегуваат и полу напаѓачи
(Санчес, Азар, Касорла…)

Ова всушност ја прави играва толку многу интересна. Почнувате да ја гледате утакмицата од сосема друг аспект. Дава гол играчот кој што го имате, и се радувате како да сте фатиле 4500 на тикет. Навивате за Ливерпул, а се молите да не даде гол Хендерсон бидејќи го има вашиот ривал во неговиот тим.

Необјасниво!

Основните параметри на бодување се: за голманите и одбранбените – клин шитс, кога не примаат гол, ако асистираат или дадат уште подобро, среден ред добиваат за асистенции и голови и напаѓачите исто, само помалку од среден ред затоа што е поголема веројатноста тоа да се случи. Се одземаат бодови за автогол, жут и црвен.

Регистрирањето е прелесно!

Играва ја играат повеќе од 3 и пол милиони луѓе во светот. Во Македонија оваа година бројот е повеќе од 5 000.

Премиер лигата почна пред 3 недели. Некој можеби направил и 300 бода, ама тоа не е причина да не се регистрирате.

- Реклама -