Ракот на белите дробови е една од водечките причини за смрт во светот и од него во најголем број заболуваат пушачите. Лекарите поради тоа на сите пушачи им препорачуваат да ги остават цигарите. Меѓутоа, ако веќе пушите и не можете да се откажете, обидете се колку што можете да го намалите ризикот од рак.
Постојат различни начини да ги исчистите белите дробови од катран и токсини и така да го намалите ризикот од рак. Еве што да јадете:
Пченка шеќерец
Оваа намирница содржи бета-криптоксантин, за кој се тврди дека ги штити белите дробови од рак, затоа што претставува силен антиоксиданс.
Селен
Моќен антиоксиданс кој може да се најде во туната, лососот и бакаларот, но и во јагнешкото месо, јајцата и житарките.
Лук и кромид
Лукот и кромидот содржат состојки со антиканцерогени својства. Кромидот помага во спречување на многу болести, а меѓу нив се инфекции и рак на белите дробови. Кај лицата заболени од рак спречува раст на нови ќелии.
Ѓумбир
Уште едно моќно средство за исфрлање на токсини од белите дробови. Може да пиете чај од корен од ѓумбир кој го олеснува дишењето, а можете и со оброкот да изедете парче ѓумбир.
Портокал
Освен што се богат извор на витамини, содржат и криптоксантин, за кој веќе споменавме дека превентивно делува против рак на белите дрбовои.
Коприва
Оваа билка е полна со железо, а исто така е корисно средство за детоксикација на белите дробови и за борба против инфекции.