Како живеат Македонците во споредба со светот?

Организацијата „Social Progress Imperative“ направи истражување за тоа како се живее во светот и каде се задоволени најмногу човековите потреби, благосостојбата и можностите.Според истото, Нов Зеланд е најнапредна држава на светот, а Македонија котира на 49-тото место.

Организација спореди 132 држави, врз основа на финансискиот раст и износ на бруто домашниот производ по глава на жител, основните човекови потреби, благосостојбата и можностите.

Истражувањето ги опфати и  влијанието на исхраната, основната медицинска нега, пристапот до чиста вода, хигиената, личната безбедност, основното знаење, пристапот до информациите, комуникацијата, одржливиот екосистем, личните права, слободата, правото на избор, толеранцијата, инклузијата и слично.

Македонија се најде на 49-то место, зад Албанија и  зад Србија која е на 41-то, како и зад Хрватска на 36 и Бугарија на 44 место.

Македонија во регионот е подобро место за живеење само од Црна Гора и Босна.

Погледнете ја листата:

tabelaDrzavi1

- Реклама -