Финтата што врвните хотели ти ја прават за да сакаш да се вратиш

Не зборуваме за супермеките и бели како на реклама пешкири, не зборуваме за суперголемите плазма телевизори, не зборуваме за добрата собна послуга.

Зборуваме за мирисот. Во последно време светот „побудале“ со користење на есенцијални масла кои го подобруваат расположението. Големите хотели исто така ја присвоија идејата дека ароматерапијата може да има конкретен импакт врз престојот на гостите, па веќе некое време фаќаат чекор со трендот.

„Уникатниот ароматичен ‘потпис’ е важен бидејќи му дава идентитет на брендот, а во овој случај – на хотелот“, вели Мина Вардар, која работи на позиција Global Director of Rooms во ланецот на хотели Langham (Hospitality Group). „Бидејќи мирисот секогаш е поврзан со задоволството, благосостојбата, емоцијата и спомените, им помага на гостите да изградат посилна емоционална конекција со нашиот персонал и нашиот хотел, создавајќи траен впечаток. (Мирисот) Ја прави атмосферата во нашите хотели попримамлива“, додава, карактеризирајќи ја праксата како „сублиминален (потсвесен) брендинг“.

Langham хотелите, конкретно, користат мирис што е мешавина од есенцијални масла од зелена трева, роза, крин и јасмин. Комбинацијата, секако, не е избрана случајно – јасминот е едно од најдобрите есенцијални масла за намалување на анксиозноста. Освен тоа, мирисите што кај луѓето оставаат позитивни асоцијации можат да предизвикаат и блага зависност (помислете на месениот леб на баба ви, на пример).

„Кога хотел (или друг објект) ќе понуди сопствен препознатлив мирис, создава мирисна меморија што ги цементира тие искуства (кај клиентот)“, вели Емили Хојт, основач на компанијата (за нега, убавина, козметика) LATHER. „Ако гостинот го понесе продуктот дома, или дури и да се случи да помириса само ‘нота’ од мирисот користен во продуктот, тој веднаш се сеќава на споменот од времето поминато во хотелот“.

Речиси сите врвни ланци на хотели користат некаква форма на ароматерапија за да ги намамат гостите да се вратат, додава Хојт.

 

- Реклама -