Kaко во филмовите: Кинески Универзитет го забрани Божиќ

Универзитет во северозападна Кина го забранил Божиќ и го нарекол кич и не е во сооднос со кинеската традиција.Универзитетот ги присилиле студентите да гледаат кинески пропагандни филмови, објавиле локалните медиуми.

 

Државните весници  известуваат дека од Универзитетот во Џану закачиле плакати во студентскиот град на кои пишувало: „Вие треба да бидете вистински синови и ќерки на Кина, спротивставете се на недоличните западни празници“ и имало и друга парола која звучела вака: „Оттргнете се од ширењето на западната култура“.

Еден студент изјавил за весникот дека морале да гледаат тричасовна проекција со пропагандни филмови, меѓу кои еден бил и за Конфучиј.

- Реклама -