Познавачите долго време ќе зборуваат за настаните што се случија во финишот на годинашната Голема награда на Монако.
Иако Британецот беше далеку пред учесниците во несреќата, токму младиот Макс Верстапен (17 години) најмногу влијаеше Хамилтон да не обезбеди уште една сигурна Ф1 победа.
Очигледно, во жарот на борбата, Верстапен ја промаши точката на сопирање и излета во задниот дел на болидот на Lotus. Понатаму, се’ останато беше прашање на среќа, па младиот возач заврши во безбедносната зона.
Нешто помалку „среќа“ имаше Хамилтон кој по излегувањето на безбедносното возило, беше повикан во боксот за промена на пневматици. Се’ што се случуваше потоа е историја…