Како спијат жирафите?

Да видиш жирафа е ретка прилика, а да видиш жирафа како спие е безмалку рамно на мит. Има и добра причина – жирафите имаат најкратка потреба за сон од сите други цицачи. Во просек, жирафите спијат само околу 30 минути на ден и тоа во повеќе наврати од неколку минути. Уште еден аргумент во прилог на тоа колку е ретка таквата глетка е што научниците, сé до 1950-тите години, сметале дека жирафите воопшто не спијат.

Жирафата е редовен плен на предаторите, па така, многу од нејзините навики се резултат на неопходност. Бидејќи легнувањето или станувањето е релативно тежок и бавен процес за овие животни, спиењето е помалку или повеќе – луксуз. Покрај опасноста од месојадните ѕверови, друга причина е и водата – вратот на жирафата е премногу краток за да допре до земјата, па затоа жирафите ги задоволуваат своите потреби за вода преку растенијата што ги јадат. Дополнително, вода мораат да пијат дури на неколку дена.

Па, колку и резимето на жирафата да звучи неимпресивно, бидете благодарни за следниве фотографии:

sleeping-giraffes-1__880[1]

sleeping-giraffes-6__880[1]

sleeping-giraffes-2__880[1]

sleeping-giraffes-8__880[1]

- Реклама -