Како се заработуваат милиони од грдите божиќни џемпери?

До Божиќ останува помалку од еден месец и сега е моментот, кој сака да се здобие со најгрдиот Божиќен џемпер, да го направи тоа.

Само за неколку години трендот на грдите божиќни џемпери успеа да еволуира од спореден производ на хипстер културата до годишна традиција, почитувана од цели семејства.

Ugly-Christmas-Sweaters-Are-This-Winter-s-Most-Chased-Items-409681-2

„За прв пат ми падна во очи во 2011 година, кога луѓето си организираа домашни забави со грди џемпери”, вели Фред Хаџар, коосновач на UglyChristmasSweater.com. Со седиште во Детроит, компанијата е еден од најголемите продавачи на грди празнични џемпери.

“Влегов на eBay и видов дека овие стари божиќни џемпери се продаваат по цени помеѓу 100 и 300 долари”, вели Хаџар.

grpu1

Во тоа време тој раководел со онлајн компанија која продавала најразлични стоки од ТВ емисии и филмови. Така тој одлучил да се вклучи во играта и на крајот на 2012 година ја создава UglyChristmasSweater.com заедно со неговиот брат Марк. Во првата година компанијата генерира 40 000 долари од продажбата.

„Влеговме подоцна во сезоната и со ограничен број производи,” вели тој. Следната година сепак приходите скокнаа за 300% и со уште 275% следната година. Оваа година компанијата е на пат да продаде грди џемпери за 5.5 милиони долари.

grpu2

Браќата Хаџар го водат бизнисот од магацин со површина од 3 900 квадратни метри во Детроит. Вкупно 30% од просторот е полн за џемпери, кои се произведени во Кина. Тие имаат 30 вработени на полно работно време и имаат вработено уште 20 сезонски работници, за да ја пречекаат зголемената побарувачка.

“Имаме двајца вработени на полно работно време, кои се занимаваат со социјалните медиуми, бидејќи грдите џемпери се доста дискутирана тема на интернет,” додава Хаџар.

- Реклама -