AutoCAD, еден од најнеопходните софтвери на денешницата, излезе во 1982 година. До 1994-та низ светот постоеја околу 750 тренинг центри во кои се вршеше обука за користење на софтверот.
Но пред светот да почне да проектира со тастатура и маус, тој процес изгледаше далеку поразлично од денес. На тие што студираа или работеа во таква струка во тоа време, сликиве сигурно ќе им вратат куп спомени, а можеби и трауми. За останатите, еве малку ретро едукација: