Како се пере волнена облека во машината за перење?

Во студените месеци од годината омилен дел  од облеката станува топлата  волнена облека.За да успеете да ги задржите долго формата и видот, сепак, треба да ги перете правилно.

Што ви е потребно?

Машина за перење  со функција за перење на волнени или деликатни ткаенини; Детергент без алкални и ензимски состојки; О мекнувач за волна.

1. Пред перењето  погледнете  ги етикетите на облеката, можно е некои од нив да не можат да се перат автоматски. Испразнете ги џебовите од несакани предмети и прашина.

2. Купете детергент за волнени производи. Тоа  не смее да содржи алкални и ензимски состојки, бидејќи тие ќе ја  уништат структурата на ткаенината. За да ја задржат еластичноста и  мекоста  користете омекнувач за волна или други адитиви.

Прочитајте и:  Природни решенија за лош здив: Еве како да ја вратите свежината

87789207

3. Изберете соодветна програма за перење на волнени алишта, температурата не смее да надминува 30 степени,  со максимум 600 вртежи во минута. Високата температура и силната центрифуга можат да ја превиткаат облеката.

4. По перењето  најдобро е да ги сушите  алиштата на хоризонтална површина во исправен вид. Ако облеката сепак се намалила, можете да се обидете да ја вратите претходната форма, доколку  ја пеглате со пегла за  влажна ткаенина.  По пеглањето не заборавајте да ја исушите убаво облека.

- Реклама -