Патување низ три децении…
Промените од изгледот до тоа какви се на допир, би требало да ги забележите и самите и да знаете што се случува со нив.
Во дваесеттите
Многу промени
Големината на градите може да варира од разни причини, наведува Лиза Џејкобс, професорка по хирургија. Вашиот метаболизам може да предизвика промени на големината.
„ Градите ќе ја менуваат големината, во зависност од губењето на тежината или пак килограмите“, вели Џекобс.
Исто така, тука е и бременоста.
„ Во дваесеттите многу жени остануваат бремени, така што од природни причинипри подготовката на телото за мајчинство градите се менуваат“. По бременоста и губењето на килограмите, може да ви се чини дека градите ви се помали или поголеми во однос на тоа како изгледале пред бременоста. Таа исто така може да ги направи ареолите потемни, а барадавиците поголеми, но тие најчесто се враќаат во состојбата од пред бременоста.
Грутки и испакнатини
Фибросцистична промена е многу честа состојба која е карактеристична за едната или дури и двете дојки, која често се јавува кај жените во дваесеттите години. Жените во оваа доба можат да се борат со промени во циклусот, што претставува и хормонска разлика која е естрогенот во прашање. Тоа може да предизвика градите да бидат отечени, што најчето е нормално. Ако чувствувате малку болка пред менструалниот циклус нема потреба за грижа. Грутките што се поврзуваат со рак, најчесто не се болни. Секако одете на редовни прегледи на лекар, доколку забележите било каква промена.
Во триесеттите
После неколку породувања, кожата на вашите гради може да биде развлечена поради промената во килограмите. Тоа може да доведе до стрии или спуштени гради. Ова е особено точно доколку сте се бореле со големи промени во килограмите, и затоа не треба да се грижите доколку забележите разлика на кожата, иако можеби тие се најчести на стомакот.
Во четириесеттите
Помеки од порано
На 40 години вашето тело веќе полека се подготвува за менопауза, што предизвикува промени на градите, бидејќи истото започнува да произведува помалку естроген. Тогаш, вашите гради минуваат низ нешто што се вика инволуција, што значи дека ткивото на градите се заменува со маснотија, поради што тие се помеки на допир и не се веќе толку силни.
Во секој случај, редовните прегледи можат да ви помогнат да воочите разлика. Жените во 40-тите треба да запомнат дека редовните прегледи се нужност.