Како самите да го отстраните гелот од ноктите?

Одржувањето на прелиените или само зацврстените нокти воопшто не е евтино, дури ни кога ќе се одлучите да го тргнете гелот, бидејќи и тоа чини. Советниците за убавина од магазинот „Cosmopolitan“ тврдат дека гелот може да се тргне и во домашни услови, па затоа прочитајте што се ви е потребно:

-Блок за маникир (коцкаста груба терапија)
-Памук
-Ацетон
-Алуминиумска фолија

Beautiful-nails-nails-nail-art-33459385-1600-1200

Постапка:

1. Стругајте ги ноктите со страната на која пишува „buff“ се додека не исчезне сјајот,

2. Потоа, памукот добро навлажнете го со ацетон, и распределете го на секој нокт,

3. Исечените парчиња алуминиумска фолија обложете ги преку секој нокт на кој се наоѓа памукот,

4. Почекајте 10 минути, тргнете ја фолијата и памукот, и со ново парче памук тргнете го остатокот од гелот кој веќе омекнал.

- Реклама -