Вашиот омилен пар патики се претвори во „најмиризливиот“ пар чевли што ги имате? Се што ви треба е малку ефтина водка.
Водката има многу примени освен ефективното алкохолизирање (особено на малолетни журкачи), а една од нив е и отстранувањето на непријатните мириси на стапалата и чевлите. Делотворноста на трикот е потврдена и од популарните Mythbusters.
Набавете ефтина водка и ставете ја во шише со прскалка (или монтирајте ја прскалката директно на шишето водка). Напрскајте ги патиките/чевлите. Некои препорачуваат да ја разредите водката со вода, но сепак се се сведува на вашиот избор, и на тоа колку непријатен мирис треба да отстраните. Алкохолната содржина на водката ги убива бактериите што го предизвикуваат непријатниот мирис, а штом се исуши, ќе исчезне секоја трага од мирисот на алкохол. Така, вашите чевли ќе мирисаат многу повеќе како нови, а многу помалку на пресоблекувална.