Како правилно да сипете сок?

Ситните навики тешко се менуваат, но ако сакате нештата да ги правите на попаметниот начин, ова е за вас.

Кога сипуваме сок од тетрапак амбалажа, треба да внимаваме да не го истуриме, затоа што течноста има тенденција да истекува во порции од силни млазови. Ова се случува затоа што при истекувањето, течноста го блокира влезот на воздухот, кој брза да навлезе во картонот и да го изедначи нискиот притисок кој се создава во празниот простор. Токму конфликтот на воздухот и сокот го создава она познато клокотење и прави сокот насилно да излезе од контејнерот.

Постои едноставен трик (наместо бавно сипување) што може да ве поштеди од овој (не баш сериозен, но сепак) проблем. Свртете ја картонската амбалажа наопаку, со отворот од горната страна. Под овој агол, отворот е доволно голем за истовремено да ги пропушти и течноста, и воздухот.

sexmoves

sexmoves

Не е лошо да ги научите вашите деца да го прават истото. Така ќе ги намалите шансите да истурат течност по тепихот, заради нивната природна невнимателност.

- Реклама -