Како настанал Дедо Мраз?

Сликата го прикажува ликот на Дедо Мраз во интерпретација на Пабло Пикасо; насликана е 1953 година. Како воопшто се создаде овој лик на старец со бела брада и црвена наметка кој – вообичаено претставен на малку попривлечен начин – ги развеселува децата во сите краишта на светот пред Нова година?

Бројните легенди за Дедо Мраз се темелат на древната христијанска традиција според која подароци на децата им дели Свети Никола пред Божиќ. Современото секуларно сфаќање за Дедо Мраз се развило во втората половина на 20 век.

Ликот на старец со бела брада и наметка го осмислил славниот американски карикатурист Томас Наст (1840-1902).

Ликот на старец со бела брада и наметка го осмислил славниот американски карикатурист Томас Наст (1840-1902). Наст се прославил со своите карикатури, а Американците толку ги сакале неговите илустрации што се сметало дека неговите цртежи можат да ги поттикнат воениот морал и патриотизмот.

Ликот на божиќен виленик со бела брада Наст за првпат го објавил на 3 јануари 1863 година на насловната на списанието Harper’s Weekly, со идеја да испрати божиќна порака додека траела американската граѓанска војна. Подоцна, Наст направил повеќе илустрации со Дедо Мраз и тие брзо стануваат дел од општата култура. Една од нив е сликата во прилогот, настаната 1881 година.

Но, Дедо Мраз кој го знаеме денес потекнува од реклама. Врз основа на илустрациите на Наст, компанијата Кока Кола во 1931 година лансирала глобална маркетиншка кампања каде го промовирала Дедо Мраз со човечка големина, кој е препознатлив и денес.

Иако е само заштитен знак на една од првите големи маркетиншки кампањи, Дедо Мраз од јунак на постер за Кока Кола стана глобален феномен.

Меѓутоа, во одредени средини, пред сè во оние земји каде доминира религиското влијание на исламот, Дедо Мраз се смета за непожелен зашто претставува симбол на христијанската културна доминација.

За разлика од ликот, името Дедо Мраз не е глобално – тоа се разликува во различни земји и култури. Некаде го нарекуваат Санта Клаус, Санта Николас, Божиќ Бата и слично.

Неговото име често е поврзано со Божиќ, но уште почесто со Свети Никола, што инаку е религиозен празник кој ѝ претходи на новогодинешната веселба.

Називот Дедо Мраз, кој се користи кај нас, инаку е југословенски производ – осмислен е така што не фаворизира ниедна религиозна варијанта во некогашната заедничка држава на народите на Западен Балкан.

Извор: http://naukakrozprice.rs

- Реклама -