Како најлесно да ја исчистите и да ѝ ја вратите белината на белата гума на патиките

Денешните машини за перење поседуваат разни програми за перење, но вистината е дека центрифугата често знае да ги оштети обувките или да ви ги остави со разни незгодни флеки, а белата гума на нив да ви ја остави пожолтена.

Како и во многу други случаи, и овде подобриот метод на перење е  – рачно. Но без гајле, постои трик што тоа ќе ви го олесни, а на крајот и ќе им ја врати првичната белина на обувките. Сé што ви треба е сода бикарбона, вода, и малку оцет.

Прво помешајте ги водата и оцетот, во еднаков размер, а потоа додајте ја и содата – количината одредете ја сами, но важно е да добиете густа смеса.

Земете стара четка, нанесете од пастата и истријте ги патиките на гумените делови. Кога ќе завршите, исперете ги со топла вода и оставете ги да се сушат на топол воздух.

 

- Реклама -