Тие што биле невести, да, ама другиве, среќничкиве и среќнициве – сте помислиле ли некогаш како е да мораш да мочаш во невестински фустан?
Веројатно и самата помисла на подигнување или преоблекување на совршено стокмената венчаница е рамна на хорор филм, а ич да не ни зборуваме за можноста дека ќе се извалка.
Е па, како мочаат невестиве? Вака од тепка, тоа го прават со минимум пет другарки и со многу пцуење. Чекај, а кога нема место за 5 другарки? Искрено, појма немаме и не ќе биде лошо да споделите во коментари.
…Како и да е, еве еден глуп продукт наменет за да ја спаси венчаницата и да помогне во обавувањето на нужните процеси без многу нервози или помош од пријател. Кошта „само“ 60-тина долари и изгледање како идиот додека ја навлекувате „невестинската вреќа“ врз фустанот. Нас, додуша, чисто нé интересира мистеријава.
Во меѓувреме, ако случајно ова го чита некоја невеста во ситуација на итен случај, ете да ја утешиме дека не е сама.