Како мажите ги освојуваат жените?

За да флертувате успешно, прво треба да ги дознаете основите преку кои можете да привлечете една жена.

Можеби сте си го поставувале прашањето зошто жените ги избираат нивните партнери по одредени критериуми?

Користете ја  сексуалната еволуција како предност.  Жените често велат „Сакам тој да е сладок, нежен и грижлив”, но всушност, ретко се запираат на токму таков тип на мажи. Стереотипно избираат фудбалери, арогантни, мистериозни, недостижни, паѓаат на огромна машка самодоверба и  „лошите момци”.

valentoons_newsite

За да се објасни ова, прво треба да се разбере како точно влијае нашето однесување врз желбата за секс. Потоа нештата ќе ви станат малку појасни.

Од почетокот на своето постоење мажите и жените ги имале своите улоги во општеството. Во многу животински видови и најчесто кај приматите на 20% женкари паѓале по 80% женки. Тоа е така, за да биде сигурно дека ќе преживеат само најсилните гени. Токму овие 20% примати се нарекуваат Алфа женкари.

Природна селекција

Овој принцип гарантира дека само најсилните ќе го продолжат потомството и ќе ги предадат на идната генерација гените кои што се неопходни за неговото преживување. Ова е главната причина „мајката природа” да ги толерира само силните.

Не е ли логично дека секогаш се стремите да го покажете најдоброто од себе кога сте во друштво на понежниот пол? Донекаде вашето однесување ќе ви помогне во целта. Една жена не би избрала маж кој што е лошо облечен или ја нема потребната самодоверба, а доколку веќе го избере ќе се сомнева во својот избор.

Ќе се запрашате како може да се искористи  ова? Ако размислите, ќе разберете  дека има многу  на база на први впечатоци и многупати е доволно еден маж и една жена да си се допаѓаат  доволно за да имаат секс. Тука не зборуваме за долгорочни врски и чувства.

Прочитајте и:  „Што носеше кога сама си го бараше?“

the-flintstones

Научете нешто од историјата

Ако се вратиме во примитивните времиња на нашето постоење, ќе утврдиме дека улогите на мажите и жените се дистрибуирани како што следува:

Улогата на мажот е да лови и да се обезбеди живот и безбедност на племето.

Жените имаат задача да се грижат за домаќинството и одгледувањето на децата.

Ако мажите се т.н.. „Снабдувачи”, а жените условно ќе ги дефинираме како „домаќинки“, какви разлики би очекувале во нивното однесување?

За да биде бранител и ловец, еден маж е потребно да поседува голема сила, за да се справи со оваа задача. Тој треба да гради дом и да биде сигурен дека луѓето за кои се грижи, нема да гладуваат. Соодветно е поврзано со поседување на повеќе физичка сила. За да можат да ги обезбедат потребните услови за потомството, жените морале да развијат поголеми гради, што било гаранција за исхраната на помалите деца. Тие би требало да располагаат и со повеќе телесни масти.

8i8d4BqzT

Се разбира денес живееме во современ свет па приходите на мажот не треба да се клучни за опстанок на двајцата, но проучувајќи ја човековата природа нема да биде на штета ако се претставите самоуверено, стабилно, амбициозно и мудро. Нема да згрешите…

Мајката природа ги создала мажот и жената да бидат различни по физички и биолошки индикатори. Токму тоа ја одредува привлечноста меѓу двата пола. Тоа е и формулата за продолжување на родот и постоењето на човештвото. Познавањето на овие разлики може да ви помогне да се претворите во алфа машки, опкружени со женско внимание.

- Реклама -