„Како мајка ми дозна дека имам пирс на брадавиците“

Кога 20-годишната Сидни Ален отишла на редовен преглед поради дијагностицираната сирингомиелија (ретка состојба во која се појавуваат шуплини во ‘рбетниот мозок), не ни претпоставувала дека тоа што била придружувана од мајка ѝ ќе биде проблем и дека снимките ќе откријат „повеќе од планираното“.

Сидни уште од летото има пирсови на двете брадавици (поклон од сестра ѝ, ама тоа е друга тема), но бидејќи ретко ја соблекува маицата, како што вели, мислела дека тоа ќе може лесно да го сокрие.

Арно ама, рентген снимката ја издала. Додека докторите ѝ го снимале ‘рбетот, мајка ѝ ги следела резултатите на екранот, и веднаш пројавила знаци на видна вознемиреност.

Сидни и докторот веднаш сфатиле што е работата и почнале да се смеат, а мајката прекорно порачала: „за ова ќе разговараме дома“.

Случката Сидни ја објави на Твитер со зборовите: „Денес мајка ми дозна дека имам пирс на брадавиците“. Нејзината комична ситуација насмеа многумина, а некои веројатно извлекоа и лична поука – не оди на рентген со мајка ти, не ако криеш пирсови.

 

- Реклама -