Како ќе изгледа новиот Audi A8?

Audi на интернет просторот понуди скици, кои покажуваат како ќе изгледа обновената верзија на седан изведбата А8. Премиерата на модернизираниот А8 ќе се одржи на 21 август оваа година, но од Инголштат се одлучија да направат онлајн контакт пред дебито со своте фанови.

891_a8-470-1

Судејќи по илустрациите, можеме да кажеме дека ристајлингот ќе вклучува нови предни светла, поинакви предни и задни браници, како и маска со друга форма. Освен тоа новото А8 ќе стане првиот модел на компанијата, кој ќе биде опремен со т.н.. матрични фарови. Во секој од нив ќе има 25 диоди, групирани по пет и управувани од компјутер. Општо земено, со матричните фарови се прилагодува зракот на светлина кон специфичната сообраќајна ситуација, а тоа е целосно автоматски. Светлата ќе можат да ги „опоменат“ пешаците, со цел да ги предупредат за приближување на автомобилот или пак однапред да ја осветлат траекторијата во свиоците.

293_a8-470-2

Останатите технички измени нема да се радикални. Фејслифтингот влијае главно на екстериерот и одделни елементи од ентериерот на луксузниот седан, а сите интересни иновации ќе бидат интегрирани и во следната генерација на моделот, а оваа ристајлинг верзија ќе биде нешто како тест за истите.

Целосно новата генерација на Audi A8 ќе се појави на пазарот во 2016 година.

Текстот е објавен во соработка со АвтоПлус

- Реклама -