Како ќе изгледаше Берлин ако победеше Хитлер

4(1936)[1]

На аголот на Dudenstrasse и General-Pape-Strasse во Берлин стои огромен цилиндричен блок од бетон. Во структурата се наоѓаат неколку соби полни со парчиња стара, рѓосани опрема. Блоков е изграден во 1941-42 година, за време на нацистичкиот период. Денес не е нешто страшно возбудливо обележје, но има огромна историска вредност – структурата е зачеток на плановите што Хитлер ги имаше за Берлин.

2(2440)[1]

По евентуалната победа во Втората светска војна, во која Хитлер беше прилично уверен, фирерот планираше голем редизајн на германската престолнина. Берлин требаше да стане метропола со огромни структури во кои ќе се рефлектира духот на Третиот рајх и кои ќе всадуваат страв во срцата како кај неговите непријатели, така и кај неговите поданици. Заедно со архитектот Алберт Шпеер, кој ќе биде назначен за надгледување на проектот, Хитлер изготвува фантастичен (во смисла – интересен) план за обновување на градот.

1(2230)[1]

Според предвиденото, новиот центар на Берлин требаше да се реорганизира долж централен булевар долг 5 километри, познат како Prachtallee, или “Булеварот на Splendour”. Планот бил тоа да е една огромна пешачка зона, а возилата да се движат по подземен автопат.

На северниот крај на булеварот била планирана изградба на огромен плоштад, познат како Großer Platz, со површина од околу 350.000 квадратни метри. Овој плоштад требало да биде опкружен со величенствени згради, вклучувајќи го и дворецот на Фирерот, Рајхстагот и канцеларијата на Третиот Рајх.

7(1228)[1]

Сепак, највеличествена од сите нив, сместена во центарот на новиот Берлин, требало да биде изградена една огромна куполна зграда наречена Дом на народот, дизајнирана од самиот Хитлер. Според плановите, Народната сала требало да биде висока над 200 метри и со дијаметар од 250 метри, или за споредба – 16 пати поголема од куполата на базиликата Свети Петар, врз која е базиран дизајнот. Имајќи ги овие димензии, таа зграда би била најголемиот затворен простор во светот. Според архитектот Шпеер, гигантската купола би била наменета да се претвори во храм за јавно обожување на Хитлер, неговите наследници и германскиот Рајх.

На јужниот крај на булеварот била планирана уште една мега структура базирана на Триумфалната порта во Париз, но повторно многу поголема. Нејзината висина била предвидена да биде сто метри (Триумфалната порта е висока 50 метри).

152012_1[1]

Проектот е амбициозен и од друг аспект: почвата на Берлин е мека и не може да ја издржи тежината на гигантски структури какви што Хитлер сакал да изгради. Баш оттаму потекнува и цилиндричниот блок, наречен Schwerbelastungskörper – изграден како експериментална зграда за да ја тестира цврстината на почвата на која требаше да се гради идната триумфална купола. Schwerbelastungskörper тежи 12.650 тона и е висок 14 метри, а е поставен на основа со дијаметар од 11 метри. Ако конструкцијата потонела повеќе од 6 см, почвата се смета за проблематична. Оваа потона 19 см.

Неколку месеци по изготвувањето на плановите започнува и Втората светска војна, а сите планови за Берлин се одложени. Schwerbelastungskörper е единствената зграда останата од идејната утопија наречена Welthauptstadt Germania, која и денес потсетува како ќе изгледаше Хитлеровиот Берлин.

- Реклама -