Кога се зборува за Јапонците, веднаш ми текнува онаа слика кога крајно цивилизирано и со медицински маски чекаа редици за леб непосредно по катастрофата во Фукушима. Или на тоа дека пензионерите и постарите луѓе први се пријавија за доброволци да влезат и да ги чистат реакторите. Па добро, како може и зошто се Јапонците толку различни од другите? Одговорот можеби се крие во начинот на кој се спроведува нивното образование.
Манири > знаење
Во јапонските школи, учениците главно не полагаат тестови сé додека не стигнат до четврто одделение (10-годишна возраст), освен некои помали и не баш значајни. Целта на првите 3 години образование не е да се утврди знаењето или способноста на децата за учење, туку да се воспостават добри манири и да се развие детскиот карактер. Првото што децата го учат е да ги почитуваат постарите и да бидат нежни со животните и природата. Исто така учат да бидат и дарежливи, емпатични и соживливи.
Учебната година почнува на 1 април
Не е априли-ли-ли. За разлика од повеќето школи и универзитети во светот што почнуваат во септември или октомври, јапонската учебна и бизнис година започнува на 1 април. Првиот училишен ден често коинцидира со еден од најубавите природни феномени – цветањето на црешите, а академската година е поделена во три семестри: од 1 април – 20 јули, од 1 септември – 26 декември и од 7 јануари – 25 март. Имаат шестнеделен летен распуст и двонеделен зимски распуст и во зима, и во пролет.
Повеќето јапонски училишта немаат вработени чистачи – учениците самите ги чистат нивните училишта
Учениците сами ги чистат училниците, кафетериите, па дури и тоалетите. Кога чистат, тие се поделени во мали групи, чии задачи ротираат во текот на целата година. Јапонскиот едукативен систем верува дека тоа што учениците сами чистат зад себе ги учи на тимска работа и на меѓусебно помагање. Покрај тоа, поминувајќи го времето во чистење, метење и бришење, ги учи да го почитуваат својот и туѓиот труд.
За ручек има стандардизирано мени, а самиот ручек се јаде во училниците
Кога веќе лично се грижат дека училниците се со сигурност чисти, и дека такви и ќе останат, зошто не би ручале во нив?
Ручекот наводно се состои од здрави и балансирани оброци. Стандардизирани менија, на пример, ги одредуваат не само готвачите кои ги готват оброците, туку и професионалци од здравството.
Сите соученици ручаат заедно, а друштво им прави и професорот. Тоа помага да се изгради здрава и пријателска врска меѓу учениците и наставниците.
Се останува после часови
Пост-наставните работилници се популарни во Јапонија. Со цел да се запишат во добро средно училиште, најголем дел од учениците одат во подготвително училиште или на приватни часови и воншколски работилници. Учениците што се враќаат од школо доцна (кога е веќе темница) навечер се чест глетка. Учат и за време на празници и викенди. Речиси никогаш не повторуваат година.
Си ја негуваат културата
Освен традиционалните предмети, јапонските ученици учат и јапонска калиграфија и поезија. Јапонската калиграфија – „Шодо“ (Shodo), подразбира користење на четка од бамбус и мастило, со кои се пишуваат хиероглифи на хартија од ориз. За Јапонците, Шодо-то е уметност со еднаква популарност како и традиционалното сликарство. Хаику, од друга страна, е форма на поезија што користи едноставни експресии за да побуди длабоки емоции кај читателот. Со изучување на овие предмети, децата учат да ја почитуваат нивната култура и вековно старите традиции.
Скоро сите ученици носат школски униформи
Освен во училиштата со свои униформи, учениците носат стандардизирани униформи, во машка и женска верзија. Се смета дека ваквата полиса ги отстранува општествените бариери меѓу учениците и им побудува работна атмосфера. Дополнително придонесува и за формирање на чуство на заедништво.
Отсуството од училиште е сведено на 0.01%
Тоа значи дека посетеноста на училиштата е 99.99% и дека таму нема доцнење и бегање од часови. Уште поимпресивно е што дури 91% од учениците во Јапонија рекле дека секогаш, освен само на некои часови, го слушаат предавањето со внимание.
Колку земји знаете што можат да се пофалат со вакви статистики?
Еден тест им ја решава иднината
На крајот на средното образование, јапонските ученици полагаат многу важен тест, нешто налик на (кинеската) матура. Учениците одбираат одреден колеџ каде што сакаат да се запишат, а секој колеџ си има своја квота од минимум резултат на тестот за да може некој да се запише. Ако ученикот не го постигне тој резултат, најчесто не оди на колеџ. Конкуренцијата е голема, а само 76% од матурантите го продолжуваат образованието и по средно училиште. Не е чудо што периодот на подготовка за запишување на колеџ го нарекуваат „испитен пекол“.
Годините на колеџ им се најдобрите „празнични“ години