Како изгледале древните Еѓипќани?

Сликарката Викторија Лиууд користи методи од современата криминалистика и работи заедно со научници од различни области, за да создаде реални тродимензионални портрети на три лица кои живееле пред илјадници години.

Благодарение на многубројните современи научни истражувања, со помош на антрополошка анализа, компјутерска томографија, 3D печатар и друга напредна технологија, научниците можат повторно да ги оживеат лицата од египетските мумии. Тие ќе бидат изложени во музејот Редпат на Универзитетот Мекгил во Монтреал, Канада.

1

Оваа млада жена живеела во времето кога Египет бил под власта на Римската империја, пред околу 2000 години. Погребана е во украсен саркофаг со позлатено лице.

2

Според детални слики добиени преку компјутерска томографија, пред мумифицирањето, косата на девојката била средена во сложена фризура. Друга од мумиите, наречена „белокосата матрона” живеела во II – III, век од н.е., кога христијанството почнува да се шири во Египет и практиката на мумифицирање станува поразена.

3 4

Третата мумија е на млад човек, кој живеел порано од останатите, пред Египет да стане римска провинција.

Реконструкција открива дека тој страдал од проблеми со забите, што довеле до инфекција на синусите – болест што најверојатно го убила.

5

Трите мумии добиени во музејот Редпат во 19. век, лежат непроменети онака како што биле положени пред повеќе од 2000 години, раскажуваат научниците кои учествувале во реконструкцијата.

- Реклама -