Како изгледаат свињи на слобода (ВИДЕО)

Сте забележале како здруженијата за заштита на животните главно се фокусираат на кучињата и мачките и тек-тук понекоја крава, ама некако послабо за свињите? Донекаде таквиот однос е и разбирлив, бидејќи го рефлектира општиот однос на луѓето кон животните – не за џабе првиве ги викаме домашни миленици, а вториве домашни животни. Нели, свињите сепак не се така сwaтки како мачињата и кучињата.

Но едно британско здружение нé демантира во последниов заклучок. Без да навлегуваме во деталите, тие успеале да ја спасат свињава и нејзините прасиња од кланица и ги однеле да живеат на фина и пространа фарма. Ова на видеото е првиот ден кога ги пуштиле надвор да се растрчаат на слобода. И воала – ете како изгледа среќна свиња. Се чини единствената причина што не важат за сwaтки е само бидејќи сме навикнати да ги гледаме мизерни, валкани и во темница:

Source: Mother Pig And Piglets Go Outside For First Time After Being Rescued by rumblestaff

- Реклама -