Зошто пингвините не мрзнат?
Како да не е доволно студено на Антарктикот, пингвините што живеат таму дозволуваат екстериорот на нивните тела да опадне и до 13 целзиусови степени пониско од температурата на околината. Неодамнешно истражување покажа дека всушност оваа способност им помага на пингвините да останат топли. Кога надворешниот слој на пердуви зрачи топлина во воздухот, станува поладен од околината, па топлината се враќа кон внатрешноста. Циклусот е одговорен за константната температура под перјето и го одржува пингвинот во живот.